Поврзи се со нас

Гостивар

Бесплатни обуки за ИТ вештини за млади невработени лица, можност и за вработување

Објавено

на

Агенцијата за вработување отвори оглас за стекнување вештини од областа на информатичките технологии, наменет за невработени млади лица до 34 години. Обуките се бесплатни, а на крај учесниците ќе добијат соодветен сертификат.

Заинтересираните може да аплицирааат 3 програмски пакети: дигитален маркетинг, графички дизајн и WordPress development. За сите пакети предвидена е практична работа со цел поефикасно совладување на вештините.

Во оваа мерка е предвидено вклучување на 60 невработени млади лица кои ќе добијат можност за надградување на вештините во областа на информатичките технологии заради зголемување на нивната конкурентност и побрза интеграција на пазарот на трудот. За минимум 50% од слушателите кои успешно ќе ја завршат обуката, спроведувачот на обука ќе има обврска да обезбеди вработување кај други работодавачи најдоцна 6 месеци по завршувањето на обуката, а невработеното лице е должно да го прифати вработувањето.

За учество во обука, кандидатот треба да ги исполнува следниве критериуми:

  1. Да има завршено средно или високо образование и
  2. Да биде на евиденцијата на невработени лица- активен барател на работа

Невработените лица кои веќе еднаш посетиле обука за напредни ИТ вештини можат да учествуваат во обука во друга напредна ИТ вештина, но предност ќе имаат кандидадите кои никогаш не учествувале во обука за напредни ИТ вештини. Обуките од еден модуларен програмски пакет ќе се реализираат во период од четири месеци.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат пријава во Центарот за вработување, секој работен ден од 9 до 14 часот.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена