Поврзи се со нас

Гостивар

Утре состанок на полошките градоначалници за Русино

Објавено

на

Градоначалниците од полошките општини, утре на состанок во Желино ќе го разгледуваат проблемот со Русино. На депонијата не се дозволува транспорт на ѓубре од другите општини, освен од Гостивар. За да се продолжи со фрлање на отпад и да се овозможи спроведување на проектот за регионално управување со отпад, граѓанските еко активисти бараат писмена гаранција дека Русино ќе се дислоцира во рок од 5 години. Градоначалникот Арбен Таравари вели дека ги поддржува во барањето.

Дали ќе бидат прифатени условите кои еколошките здруженија ги бараат и кога ќе почне спроведувањето на проектот за регионално управување со отпадот, останува да се види.

„На состанокот во вторник меѓу другото треба да разговараме и за тоа, како ќе се одвива работата со Русино во иднина. Но, за да дојдеме до некој договор, претходно ќе треба да потпишеме документ кој беше координиран заедно со еколошките здруженија Стоп Русино и ГвЕко кои побараа и инсистираа и јас ги поддржував во тоа Русино за 5 години да се дислоцира. Треба да седнеме сите градоначалници да потпишеме и да се договориме кои ќе бидат следните чекори. Се надевам дека со тоа ќе почне и проектот финансиран од Швајцарија за регионално управување со отпадот“, изјави  градоначалникот Таравари.

Во меѓувреме за Гостивар се отвори нов проблем. Фирмите кои вршеа затрупување на ѓубрето и рамнење на површините на Русино се откажуваат од ангажманот. Причина се ограничените финансии на општината, вели градоначалникот.

„До пред две-три недели се третираше. Повеќе компании кои одеа да работа се повлекуваат затоа што општината нема финансии доволно да ги плаќа. Ќе треба да направиме нова објава на оглас и да видиме дали ќе се пријави некоја фирма да продолжи со средување на теренот. Или тоа ќе започне кога ќе се основа регионалното претпријатие за Русино, кое треба да го преземе менаџирарњето.“, рече Таравари.

Проблемот со Русино се актуелизираше во август годинава, кога граѓанските активисти поставија блокада и забранија депонијата да се користи како регионална.  По низа средби, дебати, протести, преговори се постигна договор со Министерството за животна средина, за затворање и дислоцирање на Русино во рок од 5 години. За да биде валиден, потпис треба да стават градоначалниците на сите општини во Полог.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 7 часа

Љупчо Палевски Палчо спроведен во Истражниот затвор во Шутка

Занимливостипред 9 часа

Како да ја одберете вистинската книга за читање?

Вестипред 12 часа

Словачкиот премиер Фицо во животозагрозувачка состојба откако беше пукано во него

Македонијапред 13 часа

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

Македонијапред 13 часа

Самит Македонија 2025: Дијаспората подава рака, неопходно е искоренување на корупцијата и стабилни институции

Македонијапред 15 часа

Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Македонијапред 16 часа

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 16 часа

Неовластено снимен разговор со гостиварец завршил на социјални мрежи

Деца Родителипред 19 часа

Семејство-најмалиот, а најважен градежен блок во општеството!

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена