Поврзи се со нас

Гостивар

Протест во Гостивар – Се бара оставка и одговорност од Заев

Објавено

на

Вечерва во Гостивар ВМРО ДПМНЕ одржа протест со колона автомобили низ улиците на градот, под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна“.

Протестот се зокоружи на градскиот плоштад со обраќања, во кои се побара оставка и одговорност од премиерот Зоран Заев.

„Стенете сите чесни Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Еѓипќани, Бошњаци, Власи, Црногорци. Станете да си ја одбраниме Македонија. Зоран Заев навистина можел повеќе, но повеќе во распродажбата на Македонија, во рушење на нашето достоинство, во уништување на семакеоднското. Зоран Заев кој тврдеше дека е на прав пат, сега избира патокази. Не ни треба патоказ, нашиот пат го издоеле нашите предци, дел од нив изгинале  за Македонија. Зоран Заев ги превртува во гробовите нашите херои убиени од фашистички куршум. Денес се пазари и за нашиот јазик и историја. Македонија не е пазар, Македонија не е на Зоран Заев, Македонија е наша и стануваме во нејзина одбрана сега, за да не биде предоцна. Гостивар даде 500 животи за слободна Македонија во време на НОБ, затоа Гостивар вечерва е на нозе и затоа цела Македонија е на нозе. Спроти нас е споменикот на народниот херој Чеде Филипоски Даме, кој се уште има живи потомци, и се‘ уште има следбеници на неговото дело. Историјата на Македонија е и во нашите срца, и од таму не може да се избрише, боли, потсетува, опоменува и казнува, ќе го казни секој еден кој сака да ја измени. Од тука од Гостивар, каде мултиетничноста е наше обележје и горндост ти порачуваме Зоран заев да се откажеш од твојот пазар. Од мирољубив и искрен Гостивар, ти порачуваме не си играј со коските на мртвите, со нашата историја.  Заминувај и отстапи Зоране, тоа е најмалото нешто што може да го сториш за доброто на Македнија. Оставка и одговорност после неа, тоа ти следува и само тоа го заслужи. Ова е псоледната црвена линија преку која нема да те оставиме да преминеш“, нагласи пратеничката Дафина Стојаноска.

На протетсот се обрати и Гордана Димитриеска Кочоска, член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ. „

„Ги живееме најтешките денови од историјата на овој народ. Сите предавници во минатото го забодувале својот нож во грб, овој предавник го забодува дирекно во срце. Неговот име е Зоран Заев и историјата ќе го памети како најголем предавник на македонскиот народ. Од овде, од Гостивар му порачувам дека Македонија не е негова своина и нема право да ја распродава“, подвлече Димитриеска Кочоска.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 8 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 12 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 13 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 16 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 17 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 18 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 18 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена