Поврзи се со нас

Македонија

1-ви декември, Светски ден за борба против ХИВ/СИДА

Во текот на 2020 година до 30 ноември регистрирани се вкупно 29 нови лица со потврдена ХИВ-инфекција.

Објавено

на

1 декември – Светскиот ден за борба против СИДА е осмислен и прифатен од 140 земји во светот на Светскиот Самит во Лондон 1988 година. Истата година, Светската здравствена организација ја согледа потребата за постоење на еден ваков ден и го прогласи 1-ви декември за Светски ден за борба против СИДА. Оттогаш, па се до денес овој ден се одбележува во скоро сите држави во светот.

Светот постигна значителен напредок од крајот на 90-тите години на минатиот век, но ХИВ останува главно глобално јавно здравствено прашање. И, како и многу други големи здравствени проблеми, се соочува со дополнителни предизвици за време на пандемијата КОВИД-19.

Службите за превенција, тестирање, лекување и нега на ХИВ се нарушени особено во земјите со кревки здравствени системи. Намалување на основните услуги за ХИВ како резултат на КОВИД-19 претставува закана за животот. Секое забавување на обезбедувањето на овие услуги ќе остави многу ранливи популации под поголем ризик од ХИВ инфекција и смртни случаи поврзани со СИДА. Како и да е, низ целиот свет, здравствените работници и претставниците на заедницата прават се’ за да ги одржат услугите, усвојувајќи иновативни начини за надминување на нарушувањата во услугите предизвикани од КОВИД-19.

На 1 декември СЗО им се придружува на партнерите во оддавање почит на сите кои работат на обезбедување на услуги за ХИВ и во повикувањето на глобалните лидери и граѓани да се соберат на „глобална солидарност“ за одржување на основните услуги за ХИВ за време на КОВИД 19 и пошироко. Тоа е повик да се фокусираме на ранливите групи кои се веќе изложени на ризик и да го прошират опфатот на деца и адолесценти. И во 2020 година, Меѓународната година на медицинскаta сестра и акушерка, тоа е повик за поголема заштита и поддршка на овие здравствени работници кои долго време се на фронтот на испорака на услуги за ХИВ. Сите можеме да придонесеме во напорите да се стави крај на СИДА-та и да се направи светот поздраво место.

Во текот на 2020 година до 30 ноември регистрирани се вкупно 29 нови лица со потврдена ХИВ-инфекција.

Според возраста, новодијагностицираните припаѓаат на следниве возрасни групи:

  • 20-29 – 8 лица
  • 30-39 – 11 лица
  • 40-49 – 7 лица
  • 50-59 – 2 лица
  • 60-69 – 1 лице

Сите новодијагностицирани се од машки пол, додека според начинот на пренос, кај 25 лица инфекцијата се случила во рамките на популацијата на мажи што имаат секс со мажи, а 4 лица се изјасниле како хетеросексуалци.

Осуммина се доцна дијагностицирани, а од нив 3 лица починале.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 35 секунди

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 2 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 3 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 3 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 4 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 4 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Здравје и убавинапред 19 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 21 час

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 23 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена