Македонија
Индустријата на игри на среќа ја намалува стапката на невработеност во земјата
Легалните приредувачи на игри на среќа директно и индиректно обезбедуваат околу 70.000 работни места, а се поголем е трендот на вработување на млади кадри, дури и во период на криза предизвикана од Коронавирусот. Било какви лоши законски решенија можат да имаат несогледливи последици по економијата и општеството.
Објавено
пред 2 месецина

Кризата предизвикана од епидемијата многу влијаеше на стабилноста на пазарот на трудот, но една важна стопанска гранка продолжи да обезбедува стабилност и да влијае на намалување на стапката на невработеност. Од година во година, легалните приредувачи на игри на среќа вработуваат се повеќе образуван кадар, а студентите и дипломците претставуваат околу 15% од вкупниот број на вработени. Се поголем е трендот на вработување на млади информатичари, математичари и програмери, за кои овие компании континуирано отвораат конкурси за работа.
Во низата на користи кои заедницата ги има од оваа индустрија е фактот дека 3% од буџетските приходи ги сочинуваат средствата доделени на Агенцијата за млади и спорт, директна инвестиција за развој на спортот и младите во нашата земја… Повеќе од 10.000 вработени во индустријата на игри на среќа, обезбедуваат уште по седум работни места во другите економски гранки, па оваа индустрија на забава поддржува околу 70.000 работни места. Земајќи ги предвид членовите на семејствата, речиси 10% од населението во Македонија директно и индиректно живее од оваа индустрија!
Со своето работење легалните приредувачи поддржуваат и бројни компании од другите економски гранки и на тој начин позитивно влијаат на домашната економија. Оваа индустрија е мамка и за бројни туристи кои сакаат да ја испробаат својата среќа во казино, задоволни се со услугата и врвната понуда на игри на среќа кои ги нуди нашата земја, а било какво ограничување на работата на приредувачите сериозно би влијаело и на туризмот.
Индустријата има голем удел во развојот и зголемувањето на обемот на производство на добавувачите кои ја опслужуваат. Така на пример, при отворање на ново уплатно место, кои во земјата ги има околу 700, се вложува од 50.000 до 80.000 евра, а за одржување на постоечките уплатни места се издвојува од 10.000 до 15.000 евра. Овие средства во главно се влеваат во претпријатија за производство и продажба на мебел, компјутерска и телекомуникациска опрема, развој на софтвер, набавка и одржување на возен парк и слично.
И во услови на голема криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, компаниите од оваа стопанска гранка со добра реорганизација на работата некако успеаја да опстанат, а една од мерките која беше клучна е воведувањето на онлајн обложување. Нашата држава со тоа покажа дека ги следи европските процеси, и понатаму е овозможено континуирано полнење на државниот буџет и чување на десетина илјади работни места. Легалните приредувачи на игри на среќа очекуваат дека и идните законски решенија ќе го следат тој пример.
Еден од предизвиците со кои се соочуваше оваа индустрија во последно време се популистичките обиди на одредени интересни групи под изговор за заштита на населението од прекумерна изложеност на игрите на среќа, да се воведат некои рестриктивни одредби, како што се произволни, без никаква втемеленост одредување на растојание на кое би требало да се наоѓаат локалите, што е во спротивност со секоја европска практика. Се споменуваа дури и 500 метри?!
Сепак, истражувањата кои се правени на оваа тема го кажуваат токму спротивното. Студија на Институтот за ментално здравје во Торонто, како и студија на Универзитетот Метрополитен во Манчестер и многу други, покажуваат на тоа дека не постои влијание на оддалеченоста на објектите врз порастот на учество на малолетниците во игрите на среќа. Резултатите од истражувањето покажале дека присутноста на местата за обложување и конзумирањето на игри на среќа не влијаат на развојот на самата патологија. Резултатите на тие истражувања преточени се дури и во законодавна пракса во повеќето земји, кои не познаваат ограничувања на оддалеченост, туку превенција се врши со целосна забрана за влез на малолетници и големи казни за прекршување.
Со постоечкиот Закон за игри на среќа прашањето за забрана на учество на малолетници веќе е строго пропишано со членот дека „лицата под 18 години не можат да учествуваат во игрите на среќа“ и дополнително со став 3 од истиот член според кој „на лицата помлади од 18 години не им е дозволен влез во казино, во простории во кои се организира томбола од затворен тип, во обложувалници и во автомат клубови“.
Со воведувањето на било какво минимално растојание на уплатно-исплатните места од основните и средните училишта, на приредувачите на игри на среќа директно би им се одземало правото на континуитет на работење и деловни активности стекнати врз основа на закон, односно правото на работа и остварување на приход од регистрирана дејност на местата на кои приредувачот со години работи и каде ја има стекнато довербата на своите клиенти и во кои места има вложено огромна сума на пари. Инвеститорите мора да уживаат целосна правна заштита и сигурност, што е едно од основните достигнувања на европската интеграција. Нивните права стекнати за време на инвестицијата не смеат да бидат одземени, поништени или ограничени со какво било следно изменување и дополнување на законите и подзаконските акти.
Уште еден аспект од вакво или слично ограничување на работата и функционирањето би значело и прекршување на уредбата за заштита на странски капитал и права на инвеститорот. Со оглед на тоа што во Македонија работат и странски компании во областа на игри на среќа, нивните вложени средства се заштитени со Уставот на Република Северна Македонија, но и со спогодби кои државите членки на Европската Унија ги донеле од крајот на 1960-тите до денес. Прекршувајќи ги нивните права и ограничувајќи го правото на работа преку некои бесмислени законски одредби, би значело и директна штета за државата, која би морала да плати отштета од неколку стотици милиони евра.
Потоа, воведување на било какво минимално растојание е невозможно и неизводливо на терен, заради фактот дека во помалите градови на државата, кои имаат само една главна улица и неколку споредни, образовните институции се наоѓаат во централниот дел на градот, каде истовремено се лоцирани и деловни објекти, со што во целост се спречува отворањето на уплатно-исплатните места во сите мали градови ширум Република Македонија.
Покрај тоа, кога се гледа Градот Скопје, земајќи ја предвид густината на населеност, површината на градот и изграденоста на истиот, посебно присуството на голем број образовни институции, неспорно е дека не постои простор во кој приредувачите на игри на среќа би можеле да отворат уплатно-исплатно место.
Било какви лоши законски решенија можат да имаат несогледливи последици врз економијата и општеството, а една од нив е загубата на стотици милиони евра кои би се одливале од земјата преку нелегалниот пазар. Доколку заради ограничувањето на работа згасне легалното, игрите на среќа ќе се преселат на црниот пазар, што би отворило дополнителни проблеми за економијата и целокупната заедница.
4% УДЕЛ ВО БРУТО ДОМАШНИОТ ПРОИЗВОД
Индустријата на игри на среќа плаќа високи даноци и учествува со неверојатни 4% удел во бруто домашниот производ, а придонесот на индустријата на игри на среќа кон јавниот буџет годишно се зголемува околу 40 отсто! Легалните приредувачи и за време на кризата предизвикана од коронавирусот продолжија да ги исполнуваат своите редовни обврски кон државниот буџет и буџетите на локалната самоуправа, кои годишно изнесуваат повеќе од четвртина милијарди евра, а претходните месеци акцент во општествено одговорните активности дадоа на здравствениот систем.
Имено, само минатата година државниот и локалните буџети од индустријата на игри на среќа инкасирале рекордни 280 милиони евра. Од тие, 155 милиони евра од директни приходи и 125 милиони евра благодарение на индиректните приходи од ДДВ, локални даноци, придонеси и даноци на добивка, закуп на деловен простор… За плата на своите вработени, компаниите кои приредуваат игри на среќа издвоиле околу 50 милиони евра.
АНКЕТА:

КК Гостивар сигурен против МЗТ 2 (78-62)

Гостивар на трето место по новозаразени со корона денеска, на четврто по оздравени

Последните два дена 43 решенија за изолација во Гостивар

КК Гостивар денес ја пречекува екипата на МЗТ 2

Приведени три лица во Гостивар поради трговија со кокаин

Самовработување со кредитирање – од 5 до 10.000 евра за невработените за свој бизнис

Денес направете си ванила пита, од вкусно повкусно

Верувале или не?!

Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

На „купувам домашно“ нема опција за приговор за граѓани на Гостивар

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка