Поврзи се со нас

Занимливости

Се сруши еден од најголемите телескопи на светот Арисебо

Објавено

на

Националната научна фондација на САД (NSF), соопшти дека во вторникот на 1 декември, се сруши вториот по големина радиотелескоп во светот Арисебо. 900 тони тешката платформа од приемникот на телескопот се сруши врз садот рефлектор 140 метри подолу.

Научниците катастрофата ја најавија уште во август, кога дојде до пукање на две помошни сајли, една од нив удрила во една од антените која при падот направила 30-метри широка дупка во садот со пречник од 307 метри. Националната научна фондација, која е сопственик на опсерваторијата со која управува Универзитетот во Централна Флорида, соопшти дека екипите кои ја процениле состојбата по првиот инцидент утврдиле дека преостанатите сајли можат да се справат со дополнителната тежина. Но, на 6 ноември пукнала уште една сајла, по што опсерваторијата е евакуирана.

Телескопот беше изграден во 60-тите години на минатиот век со пари од Министерството за одбрана на САД. Тој претрпе урагани, тропска влажност и неодамнешна низа земјотреси во своите 57 години работење.

Телескопот се користеше за следење на астероиди на патот кон Земјата, за истражување во областа на радиоастрономијата, атмосферската физика, како и радарски набљудувања на објектите во Сончевиот систем испроведување на истражувања што доведоа до Нобелова награда и утврдување дали една планета е потенцијално погодна за живеење. Исто така, служеше како полигон за обука на дипломирани студенти и привлекуваше околу 90.000 посетители годишно.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 35 минути

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 50 минути

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 час

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 2 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 3 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Здравје и убавинапред 18 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 19 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 22 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 24 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена