Гостивар
Коловозите се лизгави и има ризик од одрони, внимателно по патиштата – предупредување од полицијата
Последните дождови причинија влажни и лизгави коловози и отежнато движење на возилата, особено на високoпланинските патишта во Полог и пред се‘ по долината на Радика, најчесто доцнавечер и во раните утрински часови.
Доколку во наредните денови продолжи ваквото време и позначително се спуштат температурите, на овие патишта можна е појава и на голомразица, како и одрони од камења, како скорешните во близина на Трница, кои дополнително го зголемуваат ризикот за случување сообраќајни несреќи, алармираат од СВР Тетово.
„Апелираме до возачите да бидат крајно внимателни ако патуваат кон Стража, Маврово, Дебар или Попова Шапка, задолжително да поседуваат зимска опрема и да ја прилагодат брзината според условите на патот. На возачите им се советува, исто така, навреме да ја проверат техничката исправност на нивните возила и да не престигнуваат на непрегледни места.“, се вели во апелот.
Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово и овој месец продолжуваат со засилени контролни активности, во чие средиште ќе биде техничката исправност на возилата, престигнувањето, како и брзината со која се движат. Техничките неисправните ќе се исклучуваат од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци, како и за пребрзите и алкохолизираните возачи, нагласуваат од полицијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница