Поврзи се со нас

Македонија

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

Објавено

на

Вчера и денеска на сметките на граѓаните се уплатени вкупно 1.51 милијарди денари, или 24,6 милиони евра, со кои се поддржуваат ранливите групи на граѓани, соопшти Владата. По комплетирањето на списоците на лицата и извршените административно-технички проверки, над 280 илјади граѓани на трансакциска сметка ќе добијат еднократната помош во висина од 6.000 денари. Со оваа мерка истовремено се поддржува целокупната домашна економија, преку стимулирање на личната потрошувачка, а граѓаните средствата може да ги користат во кој било период без рокови и ограничувања, нагласуваат од Владата.

Еднократната помош се однесува на граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, со пресек на 27-ми септември, односно денот кога беше објавен четвртиот пакет на економски мерки.

Средствата се уплатени на трансакциските сметки на граѓаните во комерцијалните банки, додека за оние граѓани кои немаат отворено трансакциска сметка досега, оваа услуга ќе им биде овозможена од банката во која е распореден соодветниот граѓанин, а за која може да добие информација со внесување на својот ЕМБГ на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.

Владата информира дека за многу мал дел од вкупниот број на граѓани, за самохран родител, филмски работници и естрадни уметници, списоците ќе бидат административно-технички потврдени и исплатени до крајот на оваа недела.

Дополнително, приговорите кои стигнуваа до Генералниот секретаријат на Владата активно се разгледуваат.  За граѓаните чии приговори се прифатени, нивните податоците  ќе бидат ажурирани и објавени на  веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена