Гостивар
Гостиварецот Кимет Јусуфи добитник на признанието „Успешни млади“
Претседателот Стево Пендаровски денес за прв пат го додели признанието „Успешни млади“. Меѓу носителите на ова признание е и гостиварецот Кимет Јусуфи, истакнат млад доктор по физика. Работи на проблеми поврзани со хикингово зрачење, нови егзактни решенија за црни дупки, рефлексија на светлина во гравитациони поле итн. Моментално е професор по физика во гостиварската гимназија, а од вчера доцент на Универзитетот во Тетово.
„Ова признание за мене значи поттик и понатаму уште повеќе да продолжам во истражување на теориската физика“, рече Јусуфи за Gostivarpress.mk.
Останатите добитници на признанието се: Анастас Вангели, Борче Арсов, Моника Ѓорѓиева, Весна Бачева, Ангела Бушеска, Ардиан Шабани и Симона Димковска.
„Честитки за овие исклучително талентирани млади луѓе. Уверен сум дека ова ќе придонесе кон вреднување на трудот и знаењето на младите, зголемувајќи ја мотивацијата за нови достигнувања на младите научници, таленти, уметници, креативци.“, истакна Пендаровски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените