Гостивар
Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги
Во обид да заработат, за живот, за плаќање долгови, честопати и за дрога девојки и жени го продаваат своето тело за пари. Проституцијата цвета и во модерното доба, а на гостиварските простори тоа се докажува преку искуствата и податоците на невладиниот сектор што се занимава со оваа проблематика.
Невладината Хелп, потврдува бројка од околу 270 сексуални работнички кои давале услуги во регионот на Гостивар. Организацијата спроведува посебна програма преку која овие девојки и жени добиваат бесплатни гинеколошки прегледи, советувања, тестирања за болести и слично.
„Сексуалните работнички се група која мигрира од град во град, ние опфаќаме доста голем дел од нив. Нашата програма нуди бесплатни гинеколошки прегледи, комбе кое доаѓа два пати неделно од Скопје, комплетно опремено со гинеколошка апаратура. Доколку има потреба им се дава некоја терапија, советување за заштита од сексуално преносливи болести и сл. Исто така, нудиме и бесплатно тестирање за Хив Сида и Хепатит Ц. Сето тоа е покриено од Министерството за здравство.“, вели Зоран Попоски, претседател на Хелп Гостивар.
Лицата кои даваат сексуални услуги се сметаат како високо ризична категорија за хив-сида и хепатит ц. Тестирањата на Хелп потврдиле хепатит кај околу 10% од сексуалните работнички. До сега не е откриен случај на Хив Сида.
Програмата што ги опфаќа сексуалните работнички во Гостивар се спроведува од 2008-ма година. Искуството покажало дека значителен процент од девојките и жените кои завршуваат во канџите на проституцијата се корисници на дроги.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница