Гостивар
Општина Гостивар: Владата дискриминира и манипулира, пари не се дадени за општината, туку за болницата
Општина Гостивар преку соопштение реагира дека цетралната власт со последната информација за доделување финансиски средства, ја дискриминира општината и манипулира со јавноста.
„Владата на СДСМ-ДУИ, својата дискриминација сака да ја прикрие со измама. Финансиските средства наменети за Општата болница „Д-Р Ферид Мурад“ во Гостивар, ги пишува како да ги прима градоначалникот Арбен Таравари. Сакаме да разјасниме за јавноста дека не сме против овие финансиски средства, но централната власт свесно знаејќи дека локалната власт нема надлежност над здравствените институции, се обидува да глуми дека е добра, за наводно еднаков третман на сите општини. Реално, парите наменети за реновирање на гостиварската болница, се од средствата добиени од ТАВ предвидени за карго аеродромот во Штип во вредност од 35 милиони евра. Владата ги пренамени овие пари за 99 проекти во 75 градови. А, она што се издвојува е дека во сите општини има инфраструктурни проекти (канализација, патишта или училишта), САМО во Гостивар парите се предвидени за реновирање на БОЛНИЦАТА! Ова уште еднаш потврдува дека СДСМ-ДУИ намерно го дискриминираат Гостивар, кој е предводен од кадар на АА, политички субјект на албанската опозиција, кој во трите години од неговиот мандат, постојано е избран за најуспешен градоначалник меѓу 80 општини во земјава.“, се вели во соопштението.
Локалната власт нагласува дека три години без помош, и со пречки, успеала да реализира бројни проекти. „Изградиме над 60 километри нова канализациона мрежа, над 35 километри водоводна мрежа и околу 30 километри асфалтирани патишта. Овие сопствени инвестиции, градоначалниците од редовите на СДСМ-ДУИ не можат ни на сон да ги видат, а не пак во реалност, иако зад нив секогаш стои владата“, потенцираат од општината.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот