Гостивар
Општина Гостивар подели 300 пакетчиња за децата со посебни потреби
Општина Гостивар подели 300 новогодишни пакетчиња за децата со посебни потреби на подрачјето на Гостивар. Од општината велат дека со посетата на здруженијата на лица со посебни потреби, се испраќа порака дека локалната самоуправа ги поддржува, планирајќи и создавајќи што посоодветни услови во просторите на нивните седишта.
Новогодишни пакетчиња беа поделени на:специјализираните паралалеки во „Мустафа Кемал Ататурк“ и „Исмаил Ќемали“, Здружението на лица со посебни потрреби „Заедно можеме“, Здружението на слепи и лица со оштетен вид „Реалност“, Здружението на глувонеми лица „Тишина“ и Дневниот центар за деца со посебни потреби.
„Посакуваме следната година да биде подобра и поуспешна за овие здруженија. Годинава многу активности што ги испланиравме заедно, не се реализираа поради пандемијата. Нашиот мандат ќе го заокружиме со исклучително подобри услови за овие лица. Следната година тие ќе бидат сместени во нивниот Центар, која е прв од ваков вид изграден во полошкиот регион, заедно со Центарот за аутизам.“, подвлекоа општинарите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ