Гостивар
Продолжуваат контролите за брзо возење во Гостивар, казни за 31 возач
Вчера (2 јануари) во периодот од 12 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово повторно била спроведена акциска контрола за брзина во која биле откриени вкупно 120 прекршоци за пречекорување на максимално дозволената брзина, извести МВР. Од нив 89 прекршоци биле на тетовското подрачје, а 31 прекршок на гостиварското подрачје.
Покрај ова реализирана е и контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што биле откриени пет прекршоци, сите на тетовското подрачје. Во вчерашните контролни активности откриени и законски санкционирани биле и 33 други видови прекршоци.
Инаку, од започнување на примената на измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на тетовското подрачје, за истечена регистрација повеќе од шест месеци, според член 344 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, досега времено се одземени вкупно пет возила. Тие, согласно законот, ќе бидат задржани 90 дена во Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница