Поврзи се со нас

Македонија

Наставата во второто полугодие ќе продолжи на ист начин, за повеќето ученици онлајн

Објавено

на

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес информираше дека второто полугодие ќе продолжи со хибридниот модел на настава, односно со физичко присуство и онлајн. Во случај на промена на епидемиолошката состојба со коронавирусот, прашањето ќе се разгледува заедно со Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.

Царовска денес одржа онлајн состанок со директорите на основните и средните училишта од целата држава во врска со спроведувањето на наставата во првото полугодие од учебната 2020/2021 година.

МОН соопшти дека на состанокот, директорите на училиштата истакнале дека иако на почетокот на училишната година отпорот кон онлајн наставата бил голем, сепак хибридниот модел ги дал посакуваните резултати во вонредни околности во какви што се работеше изминатите месеци.

„Со над 90 % ученици коишто успешно следеа онлајн настава, со помалку од 1 % активни случаи на Ковид-19 кај наставниците и учениците кои посетуваа настава со физичко присуство и со редовна динамика на емитување на часови на македонски и албански јазик на Националната телевизија слободно можеме да кажеме дека успешно го заокруживме првото полугодие. Наставниот материјал е поминат според предвидените скратени програми, а учениците се оценети“, е изјавата на директорите која ја пренесе МОН.

Министерката потенцираше дека со хибридниот модел на настава: онлајн, со физичко присуство и со емитување на часови на телевизија се постигна континуитет во наставата.

„Огромна благодарност до директорите, наставниците, учениците и родителите коишто со силна посветеност и ангажман направија се успешно да се реализира наставата во услови на пандемија“, рече Царовска.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 24 минути

Ден на македонскиот јазик-5 Мај

Вестипред 11 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 12 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 20 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена