Поврзи се со нас

Гостивар

Г.Јосиф до верниците: Божиќ да го прославиме со верба дека ништо не може да ја победи надежта што ја носи Христовото раѓање

Објавено

на

Митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, Г.Јосиф по повод големите христијански празници Бадник и Божиќ до верниците упати честитки и порака за зачувување на вербата и надежта што ги носи Христовото раѓање. Во продолжение го пренесуваме посланието во целост:

Почитувани верници,
Во овие празнични мигови, дозволете од лично мое име како надлежен епархиски архиереј и од името на чесното свештенство на сите верници и духовни чеда при Тетовско-гостиварската православна епархија да Ви го честитам големиот празник Рождество Христово – Божиќ, со благопожелби пред сѐ за добро здравје, духовен спокој и мир, како и со желби за конечна победа над присутната пандемија.

Сите ние сме сведоци дека овогодинешното Раѓање на нашиот Бог и Спасител ќе го празнуваме во тешки денови, но да не очајуваме, бидејќи витлеемската ѕвезда доаѓа повторно да го осветли нашиот живот, да нѐ посети на единствената празнична вистина, а тоа е дека Христос се роди и дека Бог го испрати спасението на народот свој. Живеејќи со мислите кон таа вистина и очекувајќи го Богомладенецот, во овие претпразнични денови и ние како тројцата мудреци да чекориме мирно и спокојно на патот кон Витлеемската пештера за да достојно Му се поклониме на воплотениот Господ Исус Христос, Кој е наша единствена надеж, зашто како што сведочи евангелистот Лука „под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можело да се спасиме“ (Дела 4,12).

Христовото раѓање е празник, кој повторно ја буди изгубената надеж кај човечкиот род, надежта на спасението. Таа надеж ни ја носи радоста, а радоста која извира од рождеството на Спасителот на светот, не е просто еден сентиментален израз, туку плод на свеста дека повторно се покажа љубовта Божја кон нас, бидејќи „Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син, за да живееме преку Него“ (1 Јн. 4,9), дека Христос се роди за да нас нѐ избави од ропството на гревот и смртта. Затоа, драги браќа и сестри, и покрај сите маки и искушенија – овој Божиќ да го прославиме со верба дека и најголемата трагедија не може да ја победи надежта кај човекот која ни ја носи престојниот празник на Христовото раѓање.

Празнувајќи го тој прв празник меѓу празниците, да не дозволиме нашето внимание да го одземе световната агонија од застрашувачкото и несигурно утре, туку нашите очи да ги насочиме кон незалезната светлина на Рождеството Христово, кон Раѓањето кое на светот му го донесе Семето на вечниот живот и начелото на идниот век. Денес, кога ја слушаме повторно радосната вест: „Христос се раѓа, славете!“, сите ние да ја потврдиме нашата љубов кон Бога на тој начин што ќе ги озариме нашите умови со светлината на верата, ќе ги затоплиме пештарите на нашите души со добри дела и ќе ги украсиме јаслите на нашите срца со смирение за да во нив се роди воплотениот Богомладенец, Кого Го молиме да Ве благослови и да Ве обдари со богоугоден живот во Новото 2021 Лето Господово, влевајќи Ви надеж и искрена љубов во Вашите души.

Нека е честит овој голем христијански празник: Рождество Христово – Божиќ. За многу години! Радувајте се!

ХРИСТОС СЕ РОДИ ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

Со Божји благослов,

Ваш постојан молитвеник пред Христа, Богомладенецот,
† Јосиф,
Митрополит Тетовско-гостиварски

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 2 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 4 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 5 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 6 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 7 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 20 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 21 час

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена