Гостивар
Платата не стасува за сметки и леб, скоро 34.000 денари требаат за основни трошоци
Расте сумата на основните трошоци за живеачка. Во период од една година, минималната синдикална кошница за четиричлено семејство се зголемила за околу 1.000 денари.
Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, за ноември 2020-та, синдикална кошница изнесува 33.742. Толку пари му се неопходни на семејството за да ги задоволи најосновните потреби како храна, плаќање сметки, лекови и слично. Минималната плата со закон е 15.000 денари, додека просечната околу 27.800 денари, што значи дека примањата не стасуваат да се турне месецот.
Според ССМ најмногу пари, околу 14.149 денари, одат за храна и пијалоци, по што следуваат трошоците за домување (комуналии, покуќнина и одржување) со износ од 10.808 денари. За лична хигиена и хигиена во домот, семејствата одвојуват 2.375 денари од буџетот, за превоз, околу 2.500 денари, додека за облека и обувки 2.160 денари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!