Поврзи се со нас

Гостивар

Откриени поголем број нови варијанти на ковид-19 во земјава

Објавено

на

Зголемување на новозаразени и починати, но и на оздравени лица бележи Институтот за јавно здравје во последниот неделн извештај за состојбата со ковид во земјава, што се однесува на перидот од 1 до 7 февруари.

Тестирани биле вкупно 14.398 материјали, а регистрирани сe 2.120 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 4,1% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 10,3 до 17,7%, просечно 14,2%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, вкупно 1.011. Во регионот на Гостивар имало 36 нови случаи.

Меѓу новозаболените најастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (568). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (422), 50-59  (381), 40-49 (358) и 20-29 (257). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (40) и 10-19 години (94).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.322 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 11,6% повеќе во споредба со минатата недела.

Пријавени се 66 смртни случаи од 21 град, со зголемување од 3,1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 58 лицa биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице на возраст од 40-49, 30-39 и 20-29 години.

Во извештајниот период, до ИЈЗ биле пријавени 649 материјали кои биле секвенционирани за присуство на “британскиот” сој на SARS-CoV-2 од три лаборатории (ИЈЗ, Жан Митрев и МАНУ). Од секвенционираните, 56 се позитивни за присуство на новиот сој на SARS-CoV-2. Од овие резултати е забележано дека “британскиот” сој на SARS-CoV-2 е присутен во осум градови, а најголем број случаи се откриени во Охрид (25), Прилеп (10) и Кавадарци (4).

Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број на нови варијанти, кои претходно не беа присутни кај пациентите во нашата држава, што може да укажува на континуиран внес на нови случаи на COVID-19 од странство, наведува ИЈЗ.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена