Гостивар
Браќата Виктор и Владимир од Гостивар учесници на Светското првенство во скијање
Гостиварците Виктор и Владимир Петкови редат големи успеси во скијање. Младите браќата се членови на ски клубот Сноу спорт, а периодов беа преокупирани со подговотките за учество на Светското првенство во скијање, коешто годинава се одржува во италијанскиот скијачки центар Кортина д‘Ампецо. Таму ќе учествуваат трките во слалом и велеслалом.
„Виктор и Владимир заминуваат за Италија во недела, а натпреварите се следниот четврток и петок. Имаме учество и на главната трка. Се надеваме дека можеме да дојдеме до добар резултат“, вели Гоце Петкоски, тренер и татко на младите скијачи.
Тие денес беа на прием кај градоначалникот Арбен Таравари. „Ми беше чест и задоволство да ги пречекам во мојот кабинет двајцата млади скијачи од нашиот град, кои ќе учествуваат на Светскиот скијачки шампионат во Италија. Им честитав за добрите резултати и успешното претставување на Гостивар. Ние како општинска администрација, како што сме ги поддржувале сите спортисти и други професионалци во градот, така и за двајцата браќа, одвоивме симболичен износ на финансиски средства.“, рече градоначалникот.
За постариот брат Виктор ова е трето светско скијачко првенство, додека за Владимир кој штотуку наполни 16 години прво учество. Нивниот тренер и татко вели дека напорно работат за да го остварат својот сон како успешни скијачи.
„Светското првенство е мерило со светската елита, пласман во првите 30 би бил голем успех за нас. Нареден предизвик ни е Олимпијадатата во Кина следната година, знаете за секој спортист сонот е Олимпијада.“, вели тренерот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ