Поврзи се со нас

Гостивар

Градоначалникот Таравари неосновано реагира на наслов на новинарски текст на Gostivarpress.mk

Објавено

на

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денес одговорот на новинарско прашање околу серијата обвинувања од страна на ДУИ на негова и на адреса на општината, го почна со изразување жалење за наслови во медиуми во известувања за прес конференции на ДУИ.  Градоначалникот конкретно го посочи насловот во објавата на Gostivarpress.mk „Хасани: Општина Гостивар е во рацете на банди, корумпирана со скандалозни тендери и плаќања за измислени трошоци“, а во неговата изјава обраќајки се кон новинар на Gostivarpress.mk ги препиша зборовите на цитираното лице во насловот, како зборови на медиумот.

„ДУИ во последно време има две – три прес конференции и вака ќе продолжат најверојатно и понатаму. Излегуваат и обвинуваат и за жал медиумите прават наслови: Банди раководат со општина Гостивар. Жалам конкретно за вашиот медиум (Gostivarpress.mk). Кажете ја веста, но не мора да кажувате „банди“, ако веќе кажете дека банда раководи со општина, треба да имате факти.“, рече Таравари, обраќајки се кон новинар на Gostivarpress.mk

Во насловот на објавата „Хасани: Општина Гостивар е во рацете на банди, корумпирана со скандалозни тендери и плаќања за измислени трошоци“, јасно и недвосмислено се гледа и чита дека има цитат, дека зборот „банди“ што го нагласи градоначалникот, го кажува цитираното лице, а не го кажува Gostivarpress.mk. Gostivarpress.mk го пренесува цитатот и тоа автентично како што е кажано на прес конфренцијата, при тоа со наведување на презимето на лицето коешто ја дало изјавата, а текстот го содржи и целото име и презиме.

Во овој конкретен случај нема прекршување на новинарските правила и кодекси. Затоа, Gostivarpress.mk ваквата реакција на градоначалникот ја смета за некоректна, неоснована и како притисок врз слободното новинарство. Како редакција се надеваме дека таквите случаи нема да се повторат. Секако, како професинален медиум оставаме можност за демант, корекција, реакција на објавите, но во никој случај нема да останеме рамнодушни кон удар врз слободата на медиумот.

Gostivarpress.mk ќе продолжи со непристрасно и објективно известување, како и до сега. Во насока на зачувување на вредноста на професионалното новинарство во медиумскиот хаос што владее, на читателите, политичарите, функционерите им препорачуваме да го подигнат нивото на медиумска писменост.

Апелираме оваа реакција на редакцијата да не се злоупотребува во политички цели.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Вестипред 7 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 16 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 23 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 24 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена