Гостивар
Гостиварци мераклии на свадби, забраната за веселби драстично го намали бројот на бракови
Нема свадби, нема бракови. Забраната за организирање свечености поради ковид пандемијата, значително влијаеше врз склучувањето на бракови во Гостивар. Се бележат драстични намалувања на новите брачнии заедници, кои не се паметат во изминатите години. Според податоците од Државниот завод за статистика, на територијата на Општина Гостивар лани се формирале 493 брачни заедници, што е скоро 200 помалку, споредено со претходната година. Причината лежи во пандемијата, карантините и забраните за организирање свадби го направија своето, подвлекуваат психолозите.
„Таа цифра од 200 бракови помалку е аномалија, не е природна цифра. Можеме да ја препишеме единствено на ненормалната година што ја имавме со одложување на свадби, одложување на венчавки, на социјални собири. Секако дека сите мерки кои одеа на тоа да се изолираме едно од други придонесоа да се одложат сите наши планови и тоа би била најлогичната причина, други причини не гледам. Да се случи таков пад на бракови до сега немало и тоа дирекно укажува на пандмската година во која живеевме“, вели психологот Билен Карахасан.
На прашањето, дали пандемијата довела до страв кај младите да направат таков голем чекор во животот, психологот со одговор: „Тоа е комплексно прашање, затоа што не знаеме со каква психа и ставови ќе излеземе од оваа криза, дали гледиштата на светот ќе ни се сменат. Но, едно е сигурно човекот е социјално битие, во природата на човекот е да живее во семејство. Ништо во овој свет, не може да ја смени таа тенденција во животот на луѓето, па ни пандемијата“.
Намалување на новите брачни заедници минатата година имало и на подрачјето на соседните општини. Во Врапчиште се склучиле 239 бракови, додека во Маврово Ростуше 49. И во двата случаи има пад за 20-тина.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ