Македонија
Се одбележува 8 Март, Меѓународниот ден на жената
Светот денес го одбележува Меѓународниот ден на жената, 8 Март. Овој празник во својата суштина ги содржи економските, политичките и општествените достигнувања на жените и нејзината борба за родова рамноправност.
Првите јавни демонстрации на жените вработени во текстилната индустрија биле организирани на 8 Mарт 1857 година во Њујорк. Текстилните работнички протестирале поради лошите услови за работа и ниските плати. Протести на истиот датум се случувале и наредните години, од кои најпознати биле во 1908 година, кога 15 илјади жени марширале низ Њујорк барајќи пократко работно време, подобри плати и право на глас. Првата меѓународна женска конференција е одржана во Копенхаген во 1910 година во организација на Социјалистичката Интернационала. На конференцијата по предлог на славната германска политичарка и борец за човекови права Клара Цеткин, 8 Март е утврден како празник на жените. Во наредните години празникот започнале да го одбележуваат милиони луѓе во Австрија, Данска, Германија, Швајцарија…
Во 1977 година, Обединетите Нации го прогласи 8 Март за”Меѓународен ден на правата на жените”. Оттогаш, празникот има симболично значење, посебно за државите каде што жените се` уште водат борба за основните права и секаде кадешто жените се жртви на насилство и нееднаквост.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените