Гостивар
Гостиварците Јордан и Синиша со прва песна „Карма“ во нов музички проект „D’Reamers”
Гостиварците Јордан Џејмс Ивановски (План Г) и Синиша Карафилоски започнаа заеднички музички проект „D’Reamers” , а првата песна ја нарекоа „Карма”.
“Современиот звук пренесен преку ретро ритамот е она што всушност ја одбележува оваа песна, и искрено се трудевме да модерниот тек во музичкиот свет го пренесеме и во нашите краишта. Секако дека постојат и други авторски дела кои ќе се обидеме што е можно поскоро да ги доловиме до сите љубители на убавиот звук ”, изјави авторот и текстописецот на песната Карафилоски.
Соработката помеѓу Синиша и Џејмс e финализирана во студиото на Дамир Пух “GreenRoom Sound” во Скопје. Пух истовремено се јавува и како продуцент заедно со популарната Наташа Миха која е пратечкиот вокал во “Карма”, и го аранжираа делото.
„Соработката продолжува во брз ритам, и не откриваме многу детали, единствено ќе ви откриеме дека наскоро е можно уште едно вакво освежување и позитивно изненадување.“, велат гостиварците.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ