Поврзи се со нас

Гостивар

Утре на Совет одлука за три катни гаражи во Гостивар

Објавено

на

По повеќе најави, отпочнува постапката за катни гаражи во Гостивар. На утрешната седница на општинскиот Совет на дневен ред е предлог одлука за доделување на договор за јавно-приватно партнерство за проектирање, изградба и управување на три катни гаражи. Локалната власт очекува да биде прифатена од советниците, по што ќе се прејде на изработка на тендерската документација за гаражите.

„Тоа што го дадовме како предизборно ветување, се остварува. Ни требаше две години да го измениме урбанистичкиот план, да направиме физибилити студија, тоа е сега поминато и во Советот ќе помине одлука за изградба на три катни гаражи. Потоа ќе има јавно наддавање, кој ќе се пријави, кој ќе го земе останува да се види, дали со јавно приватно партнерство или под концесија. Останатото не е под надлежност на општината“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

Одлуката предвидува градоначалникот да формира комисија за спроведување на постапката за доделување на договор, составена од претседател и најмалку 4 члена и нивни заменици од редовите на општинската администрација и надворешни експерти. Комисијата е должна да изготви тендерска документација, вклучувајќи го и нацрт договорот и јавниот оглас.

Колку долго ќе траат процедурите и кога ќе започнат работите на терен надлежните во овој момент не можат да кажат со прецизност.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена