Гостивар
Приведена и задржана во ПС Гостивар мајката на детето кое настрада во пожарот
Мајката на 7 годишното дете кое утрово настрада во пожар во Гостивар е лишена од слобода и задржана во полициска станица, поради основи на сомнение дека сторила кривично дело казниво по член 203, став 2 од Кривичниот законик „повреда на семејни обврски“, информираше полицијата.
Се очекува 35 годишната С.Т. од Ресен во текот на утрешниот ден да биде изведена пред судија на претходна постапка во гостиварскиот Основен суд.
Како што претходно информиравме пожарот се случи утрово во стан на трети кат во зграда на ул „Кеј Вардар“. Пожарникарите го извлекле детето од пламените јазици во бессзнание, а лекарска екипа констатирала смрт.
Обвинителството соопшти дека првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно. Обвинителството извести дека ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност.“
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок