Гостивар
Црвен Крст Гостивар подели хуманитарни пакети и едуцираше пензионери за заштита од ковид
Изминатиот период Општинската Организација на Црвениот Крст во Гостивар спроведе неколку активности од хуманитарен и едукативен карактер.
Тимови од организацијата во периодот од 5 до 19 март извршија дистрибуција на хуманитарна помош – пакети со храна и хигиена во рурални средини за семејства од социјално загрозени групи, кои се најпогодени за време на пандемијата Ковид-19.
Беа поделени 200 пакети со храна и 200 пакети со средства за хигиена, донација од Меѓународна федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Во текот на работната недела што измина пак, беа организирани три едукативни предавања на тема “Промоција на хигиена, контрола и превенција од Ковид-19 за членовите на пензионерското здружение во Гостивар, како ризична група.
Црвениот крст во рамки на операцијата за спроведување со последиците и како и намалување на ризиците од Ковид-19, континуирано работи на полето на промоција на хигиена, наведуваат од организацијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ