Гостивар
Се активираат алергиите – Третирање навреме, за да не дојде до компликации
Пролетните месеци се време кога лекарите вообичаено бележат зголемен број на пациенти со алергиски проблеми. Доктор Насир Муслиу, специјалистит по уво, грло и нос во гостиварската болница вели дека најчесто се работи за алергиски ринит, кој е резултат на реакција на организмот на полен.
„Сега е период кога се јавуваат алергии кои ги зафаќаат горните дишни патишта, а најчест е алергискиот ринит. Тој се манифестира со често кивање, чешање и изразено затнување на носот, чешање на очите, а може да се јави и намалено чувство за мирис. Овие алергии кои се резултат на промените во природата, односно поленот. Не значи дека кај секој човек ќе се јави алергија, голем фактор овде се генетските предиспозиции. Сепак, навистина е голем бројот на луше кои страдаат од ваков вид на алергии.“, вели д-р Насир Муслиу, оториноларинголог
Лекарите советуваат граѓаните со алергиски симптоми навреме да побараат медицинска помош за да се спречат компликации. Во третманот се даваат антихистаминици, капки за нос, физиолошки раствор за прочистување, а за потешките случаи и спреј со кортикостероиди.
„Како и сите други здравствени проблеми кои траат подолго, така и алергиите, ако не се третираат навреме, ќе доведат до компликации. Може да се јави воспаление на уво, или да допрат до долните дишни патишта до уште потешки компликации“, рече д-р Муслиу.
Прецизна статистика за бројот на алергични граѓани нема, но искуствата на лекарите покажуваат дека секој петти возрасен човек и секое четврто дете страдаат од некаков вид на алергија.
Покрај соодветата терапија, лицата треба да избегнуваат контакт со алергенот колку што е можно повеќе. Не треба да излегуваат надвор претпладне, кога концентрацијата на поленот е доста поголема, или пак кога има ветер.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ