Поврзи се со нас

Гостивар

Соработка на НП „Маврово“ со Меѓународниот Балкански Универзитет

Објавено

на

Националниот Парк „Маврово“ и Меѓународниот Балкански Универзитет започнуваат соработка за едукација на студенти, можности за стипендирање, заеднички семинари, обуки и научно-истражувачка дејност.

Соработката се официјализираше со потпишување на Протокол од страна на директорот на НП Маврово, Самир Ајдини и претставници на Унивезритетот Шенер Билали – проректор, Џемил Бектовиќ, декан Сеид Таировиќ, асистент професор.

Главните цели на соработка предвидени со овој протокол се: Реализација на активности во рамките на Националниот парк, запознавање на студентите и вработените во универзитетот со природните, културните и туристичките вредности на Националниот Парк. Соработка при организирање и реализирање на конференции, семинари и презентации од страна на Универзитетот и Националниот Парк, во партнерство со образовните институции на централно и локално ниво, невладините организации и други субјекти кои споделуваат исти цели со Универзитетот и Националниот Парк. Поттикнување на научно-истражувачката дејност во разни области од науката и реализирање на заеднички истражувања од страна на претставници на двете институции. Овозможување на услови за доделување на стипендии за најуспешните и најталентираните ученици и студенти и организирање на разни активности во сферата на науката, културата, уметноста, спортот и нивна промоција пред пошироката јавност.

После официјалното потпишување на овој протокол и двете страни уште еднаш ја потврдија својата подготвеност за успешна соработка, при што се разговараше и за реализација на првите проектни активности кои во зависност од ситуацијата со пандемијата би започнале во текот на мај 2021 година.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 1 час

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 3 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 6 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 8 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 10 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 11 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 12 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 14 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 14 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена