Гостивар
Гостиварската полиција апелира моторџиите да носат кацига и да ги почитуваат прописите
Во изминатите шест месеци, од септември минатата година заклучно со 29 март годинава, на подрачјето на СВР Тетово вкупно санкционирани биле 34 мотоциклисти (Тетово-23 и Гостивар-11), кои биле инволвирани во најразлични прекршоци. Најголемиот број од нив не носеле заштитен шлем, односно кацига, управувале без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, а неколкумина управувале нерегистрирани мотоцикли. Меѓу прекршителите двајца биле малолетници, извести полицијата.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира доследно да се почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи. На мотоциклистите им се советува, исто така, навреме да ги регистрираат нивните мотоцикли, да ја проверат техничката исправност на истите, да не седнуваат зад управувач без положен возачки испит и да бидат крајно внимателни кога се движат, посебно по пофрекфрентните улици во Тетово и Гостивар.
„Доколку не се придржуваат на овие апели и укажувања, тие ќе се соочат со поднесоци и глоби кои, зависно од видот на прекршокот, се движат од 50 евра за неносење опрема до 500 евра во денарска противвредност, за нерегистриран мотоцикл.“, предупредува СВР.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ