Македонија
Официјално: Полициски од 20 часот, се затвораат локалите, обложувалниците, теретаните
Владата на денешната седница го прифати предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести за воведување на нови рестриктивни мерки.
Од утре (вторник), полицискиот час ќе почнува од 20 часот, наместо од 22 ч. како до сега, а ќе завршува во 5 часот наутро. Од среда се воведува целосна забрана за посетители, гости во сите угостителски објекти, на бензински станици и други. Оние кои работат на подготовка на храна, може да вршат достава или да работат со нарачки преку шалтер. Се воведува целосна забрана за посета во обложувалниците, кои може да работат исклучиво преку шалтер. Забрана се воведува и за фитнес клубови, теретани, како и за организирање семинари, обуки, конференции.
„Новите мерки се со единствена цел заштита на јавното здравје и заштита на сите граѓани. Со најновите тенденции во областа на епидемиологијата, јасно е дека британскиот сој зема се‘ поголем замав. Овој вид заразува многу полесно и побрзо и резултира со исклучително тешки последици.Ова е најголемото здравствено оптоварување на здравствениот ситем“, изјави премиерот, Зоран Заев.
Предлогот на Комисијата и одлуката на Владата доаѓа поради зголемениот број на новозаразени и смртни случаи од ковид-19, како и преоптовареноста на болниците.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот