Поврзи се со нас

Македонија

Почна аплицирањето за земјоделските субвенции

Објавено

на

Од вчера (5 април) почна аплицирањето за добивање на финансиска поддршка во земјоделството, а крајниот рок за доставување на барања е 31- ви мај.

Од Агенцијата за поддршка на земјоделието информираа дека сите заинтересирани, апликациите можат да ги поднесат електронски со пристапување на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, односно на www.ipardpa.gov.mk во делот е- барање.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека барањата за мерките за растително производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Барањата пак за сточарско производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во ФАРМ регистарот со состојба на денот на поднесување на барањто.

„ Апелирам до сите земјоделци, пред да поднесат барања за субвенции да ги ажурираат податоците со цел да имаат точни и целосни информации во сите системи од каде Агенцијата ги превзема податоците, а кои се еден важен сегмент за стекнување на право за добивање на субвенции.Потоа може преку пристапувње на веб страната на АФПЗРР, електронски да поднесат барања за субвенции со регистрација во системот, со клик на банерот „директни плакања“ – е- барање. Електронското барање од годинава е со нов модерен изглед врз база на ново софтверско решение кое ги има сите функционалности кои се потребни за поднесување на апликацијата за единствено барање. Оние земјодделци кои не знаат сами да поднесат барања, или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат во Подрачните единици на МЗШВ.“, истакна Бачовски.

Директорот Бачовски, појасни дека по електронското поднесување на барањето, апликантите треба да отпечатат 2 примерока и истите да ги потпишат своерачно, по што еден примерок треба да достават до АФПЗРР. Оние апликанти кои ќе побараат помош од вработените во Подрачните, пред да ги потпишат барањата да проверат дали сите податоци и култури им се точно внесени.

Дoколку апликантите утврдат дека при поднесување на барањето направиле пропуст, впишале погрешни податоци или констатирале дека имаат потреба од измена заради несоодвестување со фактичката состојба,барањто може да го повлечат или да го изменат во рок од 30 дена од денот на поднесување на истото. Бачовски, апелираше до сите апликанти кои ќе побараат поддршка и помош од вработените во Подрачните единици да ги почитуваат мерките за заштита од „COVID19“

 

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 8 минути

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 2 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 2 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 15 часа

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 17 часа

Денарот слави 32 роденден

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

До 30 април пријавување на болни и немоќни за гласањето на 8 мај

Македонијапред 22 часа

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 23 часа

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 1 ден

Во Гостивар попладнево настан во чест на Денот на македонскиот јазик

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена