Гостивар
Обвинение за насилство по фудбалски натпревар во гостиварско Дебреше
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против 32-годишен гостиварец кој се товари за кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Обвинителството соопшти дека обвинетиот, на 21.09.2020 година, тешко телесно повредил едно лице во селото Дебреше, вршејќи грубо насилство, а притоа предизвикал и чувство на несигурност, загрозување и страв кај други лица.
„Оштетениот и обвинетиот заедно со други лица играле фудбал на стадионот во селото, па при играта обвинетиот физички го удрил оштетениот во пределот на устата, по што настанала мешаница. Оштетениот заминал кон неговиот автомобил паркиран на паркингот пред училиштето. Во тој момент, обвинетиот му го пресекол патот и со железо го удрил во пределот на челото и оштетениот паднал во бесознание. Две други лица го ставиле оштетениот во возило со намера да го пренесат во болница, па обвинетиот фрлил три бекатонски плочки кон автомобилот, кршејќи ја предната шофершајбна и задното ветробранско стакло. Сепак, тие успеале со возилото да заминат од местото и настанот да го пријават во полиција. Оштетениот го пренеле во медицинскиот центар во Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Целиот настан предизвикал вознемиреност и страв и кај други граѓани, кои биле присутни на местото.“, се наведува во соопштението.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!