Рецепти
Чоколадна плазма торта, супер вкусен десерт
Кога помислуваме на торта, најпрво помислуваме на чоколадна торта, која секако е незаменлива класика од десерт што сите го сакаат. Оовјпат ние ви пренесуваме рецепт за чоколадна торта со плазма кекс, за која веруваме дека исто така, ќе стане омилено благо на семејната трпеза.
Состојки:
1 л. млеко
8 лажици шеќер
3 кесички пудинг од чоколадо
125 гр путер
300 гр. мелена плазма
100 гр. чоколаден шлаг крем
200 мл. млеко
чоколадни трошки или рендано чоколадо
Подготовка: Најпрво пудингот од кесичките измешајте го во 200 мл. ладно млеко, да не останат грутки. Останатото млеко ставете го во во тенџере, додадете го шеќерот и кога ќе се загрее (да не зоврие), додадете ја смесата со измешаниот пудинг. На умерена температура мешајте додека не згусне. Кога ќе ја добие саканата густина, тргнете го од шпоретот, додасете го путерот и измешајте да се растопи и соедини.
Во калап за торта ставете еден ред од мелената плазма (половина од количината), преку него ставете го половина од филот од пудинг, па повторно плазма и завршете со останатиот фил. Пред да сервирате премачкајте со чоколаден шлаг крем, претходно изматен со млеко. Украсете со чоколадни трошки или рендано чоколадо.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ