Поврзи се со нас

Македонија

Приливите од печалбарите намалени поради пандемијата

Објавено

на

Печалбарите лани испраќале помалку пари кај своите семејства во земјава, што е резултат на ковид пандемијата. Народна банка за минатата година бележи пад на дознаките од странство за околу една четвртина.

Гувернерката Анита Ангелоска Бежоска изјави дека поконкретно тоа се должи на финансиската криза што го погоди целиот свет поради коронавирусот, како и рестриктивните мерки и ограничувања.

„Согласно со нашите очекувања, но и очекувањата на меѓународните финасиски институции во глобални рамки, дојде до пад односно забавување на приватните трансфери во услови на пандемијата. Секако тоа се случи и кај нас. Минатата година забележавме пад од околу 24 % на дознаките од нашите иселеници, а главните причини може да се лоцираат во два пункта: прво пандемијата која секако ги погодува синхронизирано сите економии, пазарите на труд, го намалува и расположливиот доход на нашите иселеници и оттаму можноста и капацитетот на испраќање на дознаки и второ рестрикциите во делот на мобилноста, што е всушност видливо кога ќе се погледне самата структура на приливите по основ на дознаките. За оваа година по падот имаме постепено стабилизирање на износот на дознаките, но и  не очекуваме дека тие оваа година ќе се вратат на преткризното ниво“, рече Ангелоска Бежоска.

Минатата година поретки беа и посетите и престојот на печалбарите во родниот крај, поради што трговците претрпеа финансиски загуби.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена