Поврзи се со нас

Гостивар

Стартуваа работите за современ Центар за аутизам во Гостивар

Објавено

на

Започнаа работите за реконструкција на објектот (кај поранешниот колеџ) во кој ќе биде сместен регионален Центар за аутизам во Гостивар.  Установа на едно место ќе ги пружа сите терапевтски услуги што им се потребни на аутистичните деца и ќе биде од голема помош за родителите.

Семејствата кои имаат деца со аутизам од гостиварскиот и поширокиот полошки регион, ќе добијат центар за професионална помош и поддршка. Во Гостивар, на локација кај поранешниот колеџ, започнаа работите за уредување на Регионален центар за таква намена. Сите терапевтски услуги што им се потребни на аутистичните деца и родителите ќе бидат достапни на едно место. Иницијативата е на Здружението “Блу пазл“. Просторот и поголемиот дел финансии се од буџетот на општината, а за уредување и опремување се обезбедуваат и донации од бизнис заедницата.

„Едно од ветувањата пред изборите беше дека ќе отвориме добар и релевантен Центар за аутизам во Гостивар. Во двете фази на изведување финансира општината, но има и донатори кои помагаат. Се надеваме дека Центарот во септември ќе се пушти во употреба и децата ќе почнат да работат со професионалци, дефектолози и психолози, кои се компетентни да им помагаат“, рече при денешната посета на објектот градоначалникот Арбен Таравари.

Во работата на Центарот ќе биде вклучена и стручна Комисија за проценка на децата, што ќе биде од голема помош за семејствата, да не мора за таква цел да патуваат до Скопје.

Во истиот објект планирано е да се уреди и Центар за деца со попречености, кој ќе биде изолиран, а ќе се користи заедничка кујна.

Точна статистика околу бројот на деца кои се соочуваат со спектар на аутистични нарушувања не постои, но според сознанијата на стручните лица во полошкиот регион ги има околу 200.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 10 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 12 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 14 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 15 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 15 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 16 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена