Поврзи се со нас

Гостивар

Совети од лекарите при примање вакцина: Маските да продолжат да се носат и да се избегнува алкохол

Објавено

на

Министерството за здравство оценува дека интересот за вакцинација против ковид кај граѓаните секојдневно се зголемува. Лекарите немаат сомнеж дека вакцините се спасот од пандемијата и нивните апели се секогаш во таа насока, граѓаните да се вакцинираат.

При примањето на вакцината на пунктовите, медицинарите даваат неколку совети и препораки. Еден од нив е лицата кои примиле вакцина да  продолжат да ги почитуваат мерките за заштита и да не се опуштаат целосно. Научни студии покажале дека по вакцинацијата преносливоста на вирусот се намалува, но до сега не е докажано дали тоа е доволно да спречи пренесување од вакцинирано на невакцинирано лице. Исто така, на организмот му треба време за да го изгради имунитетот, четири до пет недели по првата доза и најмалку уште една недела по ревакцинацијата.

„Ниту една вакцина не штити 100% и вакцинираните лица треба и понатаму да носат маски. Оној начин на живот што сме го имале пред пандемијата, не може одеднаш да се врати и луѓето мора да бидат внимателни. Нашата лична заштита и заштитата на нашите најблиски треба да биде на прво место. Кога доаѓаат на вакцинација граѓаните исто така ги советувам да избегнуваат поголема физичка кативност неколку дена и да избегнуваат пиење на алкохол. Во глобала тоа се советите кои ги даваме при вакцина“, вели доктор Дафина Богданоска одговорна во вакциналниот пункт на Здравствениот дом во Гостивар

Досега преку веб платформата vakcinacija.mk за вакцина се пријавиле околу 354 илјади граѓани.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 6 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 10 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 11 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 12 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 14 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 15 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 16 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 17 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена