Гостивар
Младите медицинари од Гостивар ги покажаа своите знаења од областа на медицината
Во училишниот двор на средното медицинско училиште во Гостивар денес се одржа Отворен ден, на кој учениците имаа можност да покажат што научиле и со какви знаења се стекнале од областа на медицината. На присутните им мереа крвен притисок, шеќер во крвта, а имаше и симулација на санирање повреди.
„Последниот ден од учебната годинаго користиме за промотивен настан, Отворен ден, на кој учениците го презентираат она што го научиле како медицинари. Поради пандемијата до сега бевме ограничени во организирање настани, и сега ја користиме оваа прилика кога е дозволено на отворено, без маски да го промовираме училиштето. Преку активностите со мерење на крвен притисок, шеќер и слично, сакаме да укажеме и дека секој треба да обрне внимание на превенцијата на здравјето“, рече Дијана Бојоска, заменик директор на училиштето.
Отворениот ден доаѓа во очи уписите на полуматурантите, кои почнуваат во понеделник. Отворениот ден го посети и делегација од Општина Гостивар од Секторот за образование.
„На учениците останува да го изберат она што сметаат дека е најдобро за нив, а ние секако посакуваме сите наши средни училишта да бидат полни. Им посакуваме успеси на полуматурантите“, рече Аслијан Снопче, раководителка на Секторот.
Според конкурсот на Министерството за образование во четирите гостиварски средни училишта, може да се запишат вкупно 1.555 полуматуранти, што е намалување за околу 400 споредено со претходно.
Во гимназијата се отвораат 374 места, во техничкото 637, додека во медицина и економско по 272.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ