Гостивар
Светски ден на рисот-Ќе исчезне ли балканскиот рис?
11-ти јуни е прогласен за Светски ден за заштита на рисот. Според Црвената листа на загрозени видови од Меѓународната унија за зачувување на природата, балканскиот рис, кој е македонски национален симбол, е критично загрозено животно, зашто во природа има помалку од 50 возрасни единки. Во националниот парк „Маврово“, каде има најголем број единки, неговата густина изнесува 2 единки на 100 км2.
Македонското еколошко друштво повеќе од 15 години реализира проект за заштита на балканскиот рис. Од таму, по повод денешниот ден потенцираат дека малиот број на единки утврдени со нивните интензивни истражувања со фотозамки е загрижувачки.
„Во изминатите 15 години, како дел од меѓународниот тим за балкански рис се бориме да ја спасиме оваа величествена мачка од исчезнување. Рисот се соочува со многу закани на Балканот па и најмалите промени во неговиот хабитат значајно влијаат врз овој критично загрозен подвид.“, наведуваат од МЕД.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ