Музика
D`reamers на гостиварците Јордан и Синиша со нова песна и спот – „Милион зборови“
“Милион зборови” е новата песна на гостиварците Јордан Џејмс Ивановски и Синиша Карафилоски во нивниот заеднички проект D’Reamers, која ја промовираа со видео запис. Безвременската балада ќе им се залепи за срце на слушателите од 7 до 77 години, а претставува спој од класичен ритам преку современ текст до совршена и модерна видео и аудио продукција.
Аранжманот и звучната продукција се снимени во GreenRoom Sound Studio-то на Дамир Пух и Наташа Миха, додека видео продукцијата е на ProCam Studio на гостиварецот Небојша Петревски.
„Милион зборови е едноставно, секојдневно, реално но и совршено музичко дело во која ќе се пронајдат сите лица, без разлика на нивната возраст. Тоа претставува збир на искрени, симпатични, на моменти и прикриени, двосмислени чувства кои сите нас не тера да си ставиме прст на чело и да ја согледаме реалноста околу нас. Значајно за оваа песна е што покрај совршената композиција и дело во самиот спот се јавува и прекрасната Рената која внесе дух во видео записот и претставува главниот протагонист на ова остварување“, изјавија Јордан и Синиша.
Милион зборови е втора песна на D’Reamers. Првата, со наслов Карма ја промовираа во март годинава.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!