Магазин
Заборавете на автомобилите – возете велосипед!
Додека во некои земји, велосипедите стануваат основно средство за превоз, кај нас генерално се користат за рекреација. Во наши услови, многу ретко се среќаваат луѓе кои секојдневно на работа се превезуваат со велосипед. Не развиваме такви навики за жал, ниту кај помладата генерација. Сепак, за поздравување е што велосипедите не се целосно заборавени, туку се користат во слободното време за рекреација.
А причини да возите велосипед има многу. Возењето велосипед позитивно делува врз здравјето, се зајакнуваат мускулите, зглобовите стануваат поподвижни, а се подобрува и држењето на телото. Ако сте од оние кои патат од вишок на килограми, тоа е вистинската активност за вас. Исто така, докажано е дека возењето велосипед го подобрува функционирањето на кардиоваскуларниот систем, го чува менталното здравје и го намалува стресот.
Освен добро за здравјето, ќе си направите добро и за џебот, односно ќе заштедите пари, ако автомобилот го замените за велосипед. Периодов тоа нема да ви биде тешко, затоа што следуваат топли и пријатни денови. Плус ќе ги избегнете гужвите и метежот низ улиците.
Уште една причина е зачувувањето на околината. Сите знаеме колку автомобилите го загадуваат возхудот, истиот тој воздух што потоа го дишеме. Од велосипедот, нема такви еколошки штети.
Некои навики вреди да се сменат. Пролетта е идеално време да го извадите велосипедот од подрумот и да се натерате да го користите што повеќе.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!