Поврзи се со нас

Занимливости

Зошто не чеша каснувањето од комарци?

Објавено

на

Во светот има повеќе од 3.000 познати видови комарци, но само 80 од нив гризат луѓе, а барем една врста се храни со други комарци. Иако тие се наоѓаат на нашата листа на најнепријатни инсекти, сепак има причини и на кои може да им се восхитуваме од страна.

Научниците ги сметаат за чудо на еволуцијата, бидејќи тие се 50 пати полесни од една капка дожд, а сепак летаат без проблеми кога врне. Од бебе до возрасен комарец тие растат за само пет дена, а делот со кој нè гризат се смета за еден од најсофистицираните делови на телото во животинското царство.

Зошто комарците ја пијат нашата крв?

комарац1

Само женските комарци пијат крв, и не ја користат за храна, туку за поставување јајца. Штом женката го добие својот „крвен оброк“, таа ќе се повлече и ќе се одмори неколку дена додека нејзиното тело развива јајца и вари протеини и железо во крвта, создавајќи аминокиселини кои ги користат како основа за создавање протеини во јајцата.

Женските комарци се сметаат за најсмртоносно животно во светот. Секоја година, тие шират маларија со своите каснувања, кои убиваат од 2.000.000 до 3.000.000 луѓе, а инфицираат уште 200 милиони или повеќе. Покрај маларијата, комарците пренесуваат и жолта треска, денга треска, вирус на Западен Нил и неколку други несакани заразни болести.

Но, не сите видови се опасни (особено безопасни се видовите кои живеат во нашата област). Комарците се хранат со нектар од цвеќиња, и веројатно вие ќе бидете единствената личност со која женката комарец стапила во контакт.

И, зошто комарците не ја пијат секоја крв?

комарац2

Ако сте една или еден од оние среќници чија крв комарците не ја пијат, тоа е поради оваа причина:

Комарците се вешти во собирање хемикалии што ги лачат нивните човечки домаќини. Тие можат да детектираат јаглерод диоксид во нашиот здив, хемикалии во нашата пот, како и други органски супстанции што ги произведуваме. Тие се толку вешти што можат да откријат повеќе од 70 видови мириси и хемиски соединенија во нашето тело.

Нивните рецептори можат да соберат траги на хемикалии од растојание од неколку стотици метри, и штом еднаш земат трага, комарецот го следи својот оброк – и од причина што за нас сеуште е непозната, тие претпочитаат луѓе кои носат темни бои.

Ако се чувствувате како да сте секогаш покриени со каснувања од глава до пети, а луѓето што седат веднаш до вас имаат само една или две, тоа не е само параноја. Некои луѓе испуштаат повеќе мириси и соединенија кои се едноставно неодоливи за комарците, додека други испуштаат помалку привлечни и повеќе соединенија што ги одбиваат комарците, или кои едноставно не им се корисни.

Ако сè уште сте една или еден од оние што ги касаат комарци, но не оставате оток и чешање, тоа значи дека сте станале имуни. Ова е вообичаено кај луѓе кои често биле каснати од комарци, а имунитетот може да исчезне по неколку години, доколку не ве каснале во тој период.

Што се случува во нашето тело по каснувањето?

комарац3

Кога женски комарец го турка носот низ човечка кожа за да може да пие крв, тој исто така ја ослободува својата плунка во нашето тело. Составот на плунка им помага побрзо да пијат крв, бидејќи содржи коктел од антикоагуланси – супстанца што спречува згрутчување на крвта.

После доволното пиење и одлетување на комарецот, оставајќи плунка во организмот, нашиот имунолошки систем почнува да реагира на оваа туѓа супстанца. Производството на разни антитела кои се врзуваат за плунката на комарецот започнува многу брзо, а хистаминот се активира за да се зголеми пропустливоста на капиларите во леукоцитите и другите протеини кои се приклучуваат на борбата против странските тела.

Хистаминот предизвикува воспалителни реакции во нашето тело. Поради тоа, крвните садови во близина на угризот отекуваат и создаваат розова испакнатина што не чеша.

Ако гребете, само ќе создадете уште полош ефект, бидејќи вашето тело смета дека овој потег е дополнителен напад, поради што имунолошкиот систем ќе создаде уште повеќе антитела за уништување на натрапниците. Колку повеќе гребете, толку е поголема испакнатоста на кожата, толку повеќе ќе ве чеша и ќе трае подолго.

Како да се бориме против чешање?

комарац4

Еден вообичаен и докажан ефикасен начин е да залепите парче селотејп на местото каде што ве каснал комарецот и да го оставите таму неколку часа. Ова не само што ќе помогне да се отстрани дел од плунката што предизвика чешање, со што ќе се забрза времето на опоравување, туку исто така многу брзо значително ќе се намали чешањето.

Друг начин е да поминете со roll-on дезодоранс неколку пати над местото. Чешањето треба да престане скоро веднаш. Алуминиумските соли во антиперспирантите му помагаат на телото да ги раствори течностите, со што се намалува отокот и се решава проблемот со чешањето.

Друг едноставен и ефикасен начин е да се премачка отокот со паста направена со мешање на сода бикарбона и вода.

Потопете парче ткаенина во топла вода. Водата треба да биде скоро „непријатно жешка“. Држете го жешкото парче ткаенина на оток една минута или две, а потоа повторно натопете ја крпата и повторете го процесот. Чешањето треба целосно да исчезне.

Втријте влажен сапун на местото на каснување. Чешањето ќе исчезне веднаш.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена