Гостивар
Злато за Марија од Гостивар на Меѓународен натпревар по астрономија и астрофизика
Седумнаесетгодишната Марија Милошевска од Гостивар освои значајни награди на Интернационалниот натпревар по астрономија и астрофизика (IAAC) за млади научници. Во силна конкуренција на учесници од 80 земји, гостиварката се закити со признанието „Златна почест“, како и специјалната „Национална награда“ како најистакнат учесник од Македонија. Со овие резултати Милошевска, која инаку учи во ПСУ„Јахја Кемал“ Тетово, се најде во најдобрите 5% од сите учесници на натпреварувањето.
„До сега имам учествувано на бројни натпревари по математика и физика, иако сакам и хемија, биологија и информатика. Се надевам еден ден да бидам дел од научното општество, помагајќи при откривањето на тајните на Космосот.“, рече Марија во изјава за Gostivarpress.mk.
Интернационалниот натпревар по астрономија и астрофизика (IAAC) им овозможува на ученици од сите земји да ги докажат своите вештини и да ја ослободат својата креативност во областа на астрономијата и астрофизиката низ три фази. Квалификацискиот круг е прва фаза и се состои од пет проблеми кои се разликуваат по тешкотијата и темата. Се тестираат математичките вештини, како и знаењата за Универзумот. Учесниците кои ќе освојат доволно поени продолжуваат во полуфиналниот круг. Полуфиналниот круг е втората фаза и се состои од 10 различни проблеми кои се разликуваат по поени и тема. Постојат три типа на проблеми – 4x основни проблеми, 4x напредни проблеми и 2x истражувачки проблеми. Учесниците кои ќе освојат доволно поени продолжуваат во финалниот круг. Финалниот круг се состои од единствен испит со 40 прашања. Наградите (златна, сребрена, бронзена почест) се доделуваат на финалистите со најмногу поени во последната рунда. Најистакнатите учесници од секоја земја (вкупно 80) добиваат специјална „Национална награда“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!