Поврзи се со нас

Гостивар

Одлука за старт на постапка за концесионерство за Аква Парк во Гостивар

Објавено

на

Советот на Општина Гостивар на вчерашната седница изгласа одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување и одржување на спортско – рекреативен центар, Аква парк во Гостивар.

„Поради слабата финансиска моќ на Општина Гостивар која се должи на пандемијата од КОВИД-19, односно поседувањето минимални буџетски средства за капитални инвестиции не е во можност да планира изградба на современ мултинамески рекреативен центар или модернизација на постојниот без привлекување приватен капитал, бидејќи многу тешко се обезбедуваат буџетски средства од програмите на Владата за ваква намена, а специфично е и задолжувањето со кредити од причини што Општината веќе има повеќе задолжување. Со оваа одлука се започнува постапка за доделување договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување и одржување на спортско рекреативен центар со мали и големи трговски единици во општина Гостивар.“, стои во одлуката.

Од секторот за урбанизам појаснија дека како локација за Аква парк  е определена зона во Урбаниот блок 16, на десниот брег на Вардар во населбата Дутлок, помеѓу двата фудбалски стадиони, која во урбанистичките планови е предвидена за спортско-рекреативни активности.

Од она што претходно беше познато за јавноста, во проект предвидено е комплексот да има базени за спирални тобогани, за брзи тобогани, базен со бранови, мрзлива река, плиток базен за деца до четири години и детски базен за деца од 4 до 14 годишна возраст. Покрај технички простории, паркинг, гардероби и тоалети, во комплексот ќе функционираат ресторан и кафетерија. Сето тоа ќе опфаќа површина од над 2 илјади квадратни метри.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 13 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 15 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 16 часа

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена