Вести
Граѓани се жалат на незаконска наплата за радиодифузна такса
Голем број граѓани неосновано се евидентирани како обврзници за плаќање на радиодифузна такса, а постапките за одлучување по нивните барања за ослободување од плаќање неоправдано се одолжуваат. Ова е заклучок нотиран во извештајот на Народниот правобранител на Македонија за 2016-та година. Одговорноста за случаите си ја префрлаат Македонската радио телевизија и Управата за Јавни Приходи, при што граѓаните трпат штетни последици.
Минатата година околу 1.000 граѓани поднеле преставки до Народниот правобранител за неоснована наплата на радиодифузна такса. Се жалеле дека им стигнуваат сметки, иако некои од нив со години биле иселени од земјата или спаѓаат во категорија граѓани кои се законски ослободени од плаќање на таксата, како слепи или глуви лица.
Омбудсманот како основна причина за прекршување на правата на граѓаните во оваа насока го посочува лошиот пристап за формирање на Регистарот на обврзници и неговото несоодветно ажурирање.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница