Занимливости
Сибиу – романски град со куќи на кои има очи
Романскиот град Сибиу во регионот Трансилванија има една необична, позната атракција. Сите куќи имаат „очи“ на покривите или прозорците, па се чини дека куќите внимателно ве гледаат додека шетате низ градот. Токму поради ова, овој град го има прекарот „Град со очи“, неговите очи станаа препознатлив симбол и најпознатата туристичка атракција.
Овој средновековен град се карактеризира со прекрасна архитектура која јасно го демонстрира германското културно влијание, препознатливо по стилот што е исклучително привлечен за туристите.
Иако „очите на куќата“ датираат од 15 век, повеќето од нив се изградени во 19 век. Најверојатно биле измислени од жител на Сибиу, бидејќи се распространети во градот и неговата околина. Некои од „очите на куќите“ биле изградени дури во 20 век, откако Сибиу станал дел од Кралството Романија.
Ова место се најде и на листата на 10 – те најидилични места за живеење во Европа, кое има околу 150.000 жители и се состои од горен и долен дел на градот кои се поврзани со кривулести и романтични улици.
Зградите во типичен архитектонски стил го одразуваат унгарско-германското влијание и многумина имаат заедничка карактеристика на покривот, мали прозорци на таванот што се појавуваат како ролетни свртени кон улицата.
Според легендата, за време на освојувањето на овој регион, Германците намерно ги граделе очите кон куќите со цел да всадат страв кај луѓето, а таквиот впечаток е особено нагласен навечер, бидејќи овие куќи никогаш не спијат.
Сепак, нивната вистинска цел била да дејствуваат како систем за вентилација за поткровјето на куќите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ