Гостивар
Во Гостивар хоспитализирани 46 ковид пациенти, 30 добиваат кислород
Се намалува бројот на хоспитализирани пациенти со ковид во Гостивар. На инфективното, интерното, нервното одделение и во модуларната болница, се лекуваат 46 пациенти, што е преполовена бројка за разлика од пред десетина дена.
„Триесетина од пациентите со ковид добиваат кислородна поддршка, имаме 68 слободни места од капацитетите што ги подготвивме за третман на заболени од ковид. Ситуацијата, лека полека се стабилизира. Се надевам дека до крајот на месецот, ќе се смири до степен да може болницата да ја нормализира работата“, рече директорот на општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, Јакуп Јакупи.
Август за регионот на Гостивар ќе се памети како црн месец, во кој според ковид извештаите од надлежните починале 69 лица.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот