Поврзи се со нас

Култура

Велигденски концерт на „Браќа Ѓиноски“ во четврток

Објавено

на

 

Градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар традиционално ќе одржи велигденски концерт. Во чест на големиот христијански празник, во четврток, пред домашната публика ќе се претстават членовите на младинската и сениорската фолклорна група, како и оркестарот на друштвото. Ги посетивме синоќа на една од нивните проби во објектот на некогашен Пионерски дом.

Ние работиме и одржуваме проби преку целата година, но оваа недела ги интензивиравме подготовките за да бидеме што подобри и да се покажеме во најдобро светло пред публиката. Младинската група ќе се претстави со орото Водарки, додека поискусните членови со повеќе сплетови на ора како Тресеница, Повардарие и други. Оркестарот ќе изведе неколку народни песни и сплетови на ора“, рече Предраг Ристески, кореограф

Неколку дена по концертот во Гостивар, „Браќа Ѓиноски“ ќе има настап во Македонски Брод на манифестација, исто така посветена на Велигден. За наредниот период најавуваат уште неколку концерти, учества на фестивали и гостувања. „Во мај предвидени се гостувања во Трница и во Тетово, додека за во јуни планирана е манифестација „Полог пее и празнува“ на која ќе учествуваме заедно со други културно уметнички друштва од полошкиот крај“, најави Анте Тодоровски, секретар на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“

Четврточниот концерт по повод Велигден ќе се одржи во Центарот за култура „АСНОМ“ со почеток во 17 часот.

 

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 53 минути

Денес е Велики четврток, првите велигденски јајца вапсани пред изгрејсонце

Македонијапред 12 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 14 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 18 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 19 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 21 час

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 22 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 24 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 2 дена

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена