Македонија
Кампања за значењето на автохтоната македонска медоносна пчела
По повод 10 години од основањето, здружението за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела „Македонска пчела“ ја почнува кампањата „Одгледувам Македоника, одгледувам наше“.
Целта на кампањата е подигнување на јавната свест за значењето од одгледување на автохтоната медоносна пчела, но и поттикнување на надлежните институции да посветат повеќе внимание на оваа тема и да ја продлабочат соработката со граѓанските организации.
Кампањата ќе се води преку социјалните мрежи. Предвидено е снимање промотивен видео спот, а доколку се создадат услови ќе бидат реализирани и средби и работилници „лице в лице” со сите засегнати чинители.
-Популацијата на македонската медоносна пчела Apis mellifera macedonica кај нас е идентификувана и потврдена како автохтон подвид. Но, последните неколку години зачестена е нелегалната продажба на пчелни матици од „увезени“ комерцијални и неавтохтони подвидови на медоносни пчели со што се „контаминира“, односно хибридизира популацијата на автохтоната медоносна пчела. Хибридизираните пчели се со намалена виталност, потешко презимуваат и не обезбедуваат рентабилно пчеларење на подолг рок. Како најголем и најсериозен проблем од сето ова е нарушувањето на биолошката разновидност. Со ваквите негативни влијанија, пчеларскиот сектор се доведува во незавидна ситуација, со економски штети кои можат да бидат од голем размер, велат од здружението.
Според „Македонска пчела“, само преку сериозен пристап кон оваа тема и преку заедничка соработка на сите засегнати страни и чинители, ќе се елиминираат голем број несакани појави поврзани со македонската медоносна пчела.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!