Локални избори 2022
Бејта заедно со Нуредини и Бочварски во посета на Циглана
Во рамки на предизборната кампања, попладнево кандидатот за градоначалник на Гостивар од ДУИ, Невзат Бејта ја посети гостиварската населба Циглана.
На средбата со граѓаните Бејта беше придружуван од министрите за животна средина Насер Нуредини и за транспорт и врски, Благоја Бочварски.
„Имаме прекрасна програма, создадена заедно со граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам“, со чии членови најдовме заеднички јазик за проблемите што треба да се решаваат во градот и населените места. Програмата не може да се реализира со утопизам и фантазии, туку со обезбедување на финансии. Предвидуваме три извори на финансии за да се реализираат проектите за потребите на граѓаните. Прво општинскиот буџет. Досегашната власт го уништи буџетот и нема направено ништо, само долгови. Вториот извор е владиниот буџет, затоа и со мене се двајцата министри, да дадат збор дека ќе се реализираат проектите. И третиот извор се финансиите од Светска банка и ЕУ. Знаеме дека вашиот најголем проблем е канализацијата на фекални води и тоа мора да се реши во овој мандат, со поддршка и во соработка со Владата. Да не ве лажат, без Министерствата за транспорт и за екологија не може такви проблеми да се решаваат. А за други поситни проблеми, да, тука е општината. Како на пример да го средиме уличното осветлување, да се изгради спортски терен, потоа патот накај манастирот, кој ние ги почнавме, ние и ќе го завршиме.“, рече Бејта пред граѓаните на средбата во Циглана.
Во денешната агенда од кампањата на ДУИ беше и населбата Млаки, селото Форино, а зацртана е и активност на Младинскиот форум на партијата во Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот