Поврзи се со нас

Македонија

Се празнува Денот на Свети Климент Охридски

Објавено

на

Денешниот празник е востановен во чест на Свети Климент Охридски Чудотворец, најпознатиот ученик на браќата Кирил и Методиј, голема фигура во христијанството и во просветителството. Свети Климент го создал првиот словенски универзитет – Охридската книжевна школа. Имал голем број ученици коишто ги препишувале книгите со словенски букви за словенскиот народ. Вршел чуда и за време на земниот живот, а се верува дека неговите мошти и во денешно време  пројавуваат исцелителна сила. Покрај црковните и педагошките дејности, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за Кирил и Методиј, Јован Крстител, Михаил и Гаврил. Бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички. По повод празникот на Св. Климент Охридски, кој исто така е патрон и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, утринава ќе се одржи Света божествена литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот повардарски г. Агатангел, во сослужение со митрополитот тетовско-гостиварски, г. Јосиф и епископот антаниски, г. Партениј и бројни свештенослужители на МПЦ-ОА. Денешниот ден е прогласен за неработен ден во државата.
Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 3 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 6 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 8 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 10 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 11 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 12 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 13 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена