Гостивар
DAVA Гостивар ќе им помага на Нијази и Асибе Нуредини
По медиумското објавување на сторијата за Нијази и Асибе Нуредини од гостиварското село Мирдита, хуманитарната организација DAVA презеде обврска да го помага брачниот пар за храна, лекови и други потреби.
„Секојдневно ќе им носиме зготвена храна, ќе ги покриеме и трошоците за лекови, лекарски прегледи, како и сметките за електрична енергија. Ова ќе го правиме за жената којашто е болна, доживотно.“, рече претседателот на организацијата Муса Хусеин.
Хусеин воедно упати апел до сите граѓани, без оглед на вера и нација, коишто се соочуваат со егзистенцијални проблеми, неможност да обезбедат храна и лекови, да се обрата во DAVA за помош.
Како што веќе објавивме, шеесет и деветгодишната Асибе поради болести е врзана за кревет 12 години, а нејзиниот сопруг Нијази преку медиумите алармираше дека од лекарската комисија добиле конзилијарно мислење дека на жената не и е потребна помош, со што ќе го изгуби правото на надоместок за туѓа нега.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар